Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени во функција експресните патишта Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка.
Како што истакна Николоски по повод сработеното во првите 100 дена, решени се сите проблеми во однос на реализирањето на овие два проекта.
-Ги решивме проблемите на делницата Прилеп - Градско, финансирана делумно од ЕУ. ЕУ во 2023 година побарала формирање меѓуресорска комисија од Министерството за транспорт и ЈПДП, но година и пол не беше формирана. Две недели откако стапив на функцијата министер, ја решивме таа работа и веќе се работи инетнзивно. Делницата Прилеп - Градско ќе ја завршиме до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 - 130 километри на час. Слична беше ситуацијата и на потегот Ранковце - Крива Паланка. И таму ги решивме проблемите. И таму имаме финансирање од ЕУ и до Нова година и оваа делница ќе биде ставена во фунција, подвлече Николоски.
Тој најави и дека до крајот на овој месец ќе почне, како што рече, првата реална работа во однос на коридорите 8 и 10.
-Ќќе стартуваме со Прилеп - Битола со конкретни активности на терен и изградба на автопат, како и со Гостивар - Бокојчани, популарната Стража. Тоа се двете секции кои први ќе одат, истакна министерот, дополнувајќи дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиона евра.
Ново на Сител
-
На царина запленет автомобил, пиротехнични материјали, цигари, лекови | ФОТО
-
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
-
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд
-
Галетановски: Тендер за озвучување на изгорена Универзална сала, дали сте нормални?
-
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
-
Предлог за поведување на стечајна постапка против ЗК Пелагонија АД Битола
-
20 претставки за загадениот воздух поднесени до Народниот правобранител
-
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници