Македонија
9. March 2019 - 19:31

Прилеп ги подготвува маските за Прочка

18-тото издание на меѓународниот карневал Прочка започна вчера со изложбата на рачно израборени маски од страна на учениците од основните училишта во градот, а денеска забаватa продлжи со дефилето на детскиот карневал на учесници до 14 години. Тука на булеварот Гоцe Делчев продефилираа околу 300 дечиња со над 15 тина маски.

За утре е предвиден главниот настан, дефилето кое што ќе се случи тука во центарот на Прилеп каде се пријавени над 600 учесници од Македонија и скоро сите Балкански држави.За утре се најавува вистински спектакл. Денеска освен конвенционалниот дел на фестивалот за прв пат се воведе нешто ново, а тоа е т.н. Статуа фест и улична уметност со познати уметници Европа.

„Во моментов го работиме нашиот пиратски акт, станува збор за живи статуи, се занимаваме и со некои други циркуски уметностии кои се работат на улица и во суштина се повеќе и повеќе има уметници кои се занимаваат со ова“.