Македонија
9. March 2019 - 17:01

Прилеп ги подготвува маските

Денеска напладне на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ ќе се одржи детскиот карневал со групни маски од училиштата. За прв пат утре ќе се одржи и „Статуа фест“ со улично изведување драмски и музички перформанси, а прилепските уметници на отворено ќе ги создаваат своите дела.

В недела од 13 часот е големото дефиле на маските од земјава и странство. Се очекува да учествуваат преку 600 маски од нашава земја, од Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и од Турција.