Приказната за скопското бездомно куче Чопер и виетнамскиот јутјубер Ву
Македонските граѓани трагаа неколку денови по бездомното куче Чопер,тоа повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои случајно го запознаа, додека биле на привремен престој во Скопје.
Тие утре, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија.
Приказната започна на социјалните мрежи каде што младиот тиктокер и јутјубер, Филип Ву, кој потекнува од Виетнам, побара помош од Македонските граѓани. Овој човек патувал на повеќе дестинации во светот, а животот го донел и во нашата земја.
„Ако сте од Скопје, Македонија или знаете некој од таму, ми треба вашата помош …“, го започнува видеото.
На својот „Инстаграм“ профил, Ву објаснил како додека престојувал во нашата татковина започнал да се грижи за бездомно куче, хранејќи го секојдневно. По извесно време, кучето ја стекнало неговата доверба и почнало да го пречекува кога и да се враќал дома.
Љубовта била обострана, па така овој човек се одлучил да го посвои животното, откако ќе се врати од Германија во Македонија со автомобил. За тоа време, планот бил кучето да престојува кај неговиот пријател од Скопје.
Но, во периодот додека бил отсутен кучето се изгубило.
За среќа, со помош на македонските граѓани, Чопер е пронајден и заедно со јутјуберот Филип Ву, „ќе поднесе документи за германско државјанство“.
Ново на Сител
-
Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски тоа не е решение
-
Одбележување на Европската недела на безбедност и здравје при работа
-
Уапсен малолетникот кој уби еден, а рани уште еден полицаец во Босанска Крупа
-
Израелска армија: Убиен командантот на елитните сили на Хезболах, Абас Аднан Муслем
-
Најмалку 16 загинати и 11 уапсени во судир меѓу завојуваните картели во Мексико
-
Сообраќајот непречено, по суви коловози
-
Свежо утро, преку ден сончево со температури до 23 степени
-
Повикај пријател или професионален коуч? | Марина Анчевска | Sitel Podcast 065