ПРИКАЗНАТА ЗА СЕВДА

Loading Video...

Класична драма за една млада девојка, растргната меѓу сопствените желби и иднината која ја планира нејзиниот строг татко. 

Севда е убава девојка која живее со своите мајка, татко и брат. Со цел да му се оддолжи на Ујгар за тоа што го спасил семејството од банкрот, таткото ја ветува Севда за него. Но, таа има други соништа и не сака да се омажи за некого на сила и поради благодарност. 

Случајната средба со Али ќе ја смени животната приказна на Севда. Меѓу двајцата ќе се роди љубов, поголема од сите тајни кои висат над нивните животи и посилна од целото зло кое навестува дека ќе ги уништи.

Потрагата по вистината за неговото минато го носи Али до семејството на Севда затоа што токму нејзиниот татко е најголемиот виновник за несреќата која го обвила животот на Али. Во оваа возбудлива и заплеткана борба за правда, Севда и Али ќе мора да се изборат за својата љубов против сите стапици и интриги кои престојат на тешкиот пат до целта.