Приказната за Пинк Флојд на Скопје Синема Сити
Музичките документарни филмови „Џон Ленон - „Го запознав моржот“ и „Приказната за Пинк Флојд - Кој од вас е Пинк“ ќе бидат прикажани вечер во Кинотеката на Македонија во рамки на фестивалот Скопје Синема Сити.
Пред проекциите на овие два филма, посетителите ќе имаат можност да ги видат и „Би-би-си: Јас сум член на рокенрол бенд - Гитаристот“, „Брајан Ино - Имагинарни пејсажи“, „Фестивалот Пункт - Уметноста на ремиксувањето во живо“, како и „The Factory Records: Manchester from Joy Division to Happy Mondays”.
Вчера беа прикажани документарецот за култниот Леонард Коен и „Би-би-си: Јас сум член на рокенрол бенд - Пејачот“.
Утре на програмата се краткометражниот филм за Дејвид Силвиан, „Дали белците умеат да го свират блузот“, „Роберт Плант: Јас самиот“, како и филмовите за нашите Влатко Стефановски и Сецко. Промовирана ќе биде и книгата „Музика и муабети“ на Ненад Георгиевски, уметничкиот директор на Скопје Синема Сити.
Последната вечер од фестивалот е резрвирана за Вања Лазарова и „Со маки сум се родила“, „Акт“ на Ацо Станкоски, „Современа класична авангардна музика - Во океанот“ на Франк Шерер, „Џеф Бакли- Сите тука те посакуваат“ и „Засолниште - Лиса Жерар“
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија