Приказната што се крие зад една од највпечатливите фотографии од Втората светск војна
Од настанокот на дагеротипијата и првите бележења на големите историски настани, малку која фотографија е позната како онаа на која е прикажано поставувањето на советското знаме над уништениот Берлин кон крајот на Втората светска војна.

Неколку војници на црвената армија, а со нив и фотографот Евгениј Калдеј, се искачиле на зградата на Рајхстагот, кој беше симбол на моќта на некогаш најсилна европска држава.
На зградата е поставено е огромно советско знаме со чекан и срп, што означи конечен слом на Хитлеровите планови за основање на нов Германски Рајх, што ќе трае илјадници години.
Но, таа фотографија претставува и пример за еден од најраните обиди за фотомонтажа за потребите на ширење на пропаганда.
Тоа може да се види по војникот кој на сликата има два рачни часовници, што р доказ за кражбите кои ги направиле војниците на Црвената армија. Поради тоа еден од часовниците е отстранет од конечната верзија на фотографијата, која стана едно од најпознатите пропагандни дела во светската историја.
Тоа не е единствена проблематична работа во врска со наведената фотографија, бидејќи ни денес не е познато што се случувало тие денови во Берлин.
Јосиф Сталин на 30 април наредил заземање на зградата на Рајхстагот, со цел тој настан да се поклопи со меѓународниот празник на трудот - 1 мај.
Меѓутоа, Црвената Армија таа наредба крваво ја платила. Знамето конечно било поставено доцна во ноќта на 30 април, но нацистичките војници го симнале наредното утро.
По крвавите борби и тешки загуби на двете страни, Калдеј и војниците се качиле на покривот на зградата и повтроно го поставиле знамето дури на 2 мај.
Ново на Сител
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
-

Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори
-

Сопругата на Андреј од ДНК: „Најдолгата година“
-

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме
