Приказна за која зборува цела Германија: Девојка (17) се вљубила во својот тетин (49), чекаат да стане полнолетна па да се венчаат
Германката Џозефин П. и нејзиниот тетин Герит Х. веќе 3 години се борат за својата љубов. Џозефин имала само 14 години кога таа и Герит побегнале.
Во камп-приколката патувале низ Белгија, Шпанија и Франција. На крајот ги видела една жена во продавница на југот на Франција и ги пријавила во полиција. Девојката им е вратена на родителите, а на Герит му се заканува апсење.
Родителите ќерката ја одвеле кај психолог зошто тврделе дека психички е болна, но таа и натаму инсистирала дека со Герит, кој во меѓувреме се развел, заминала доброволно. Тврдела дека го сака и дека ништо нема да ги раздели.
Бидејќи немало докази дека спиеле заедно додека била помлада од 16 години, Герит не е казнет, а судот одлучи дека не може да им забрани да се гледаат зошто тоа лошо би делувало врз Џозефин.
Таа денес има 17 години, а Герит, поранешниот маж на нејзината тетка, сестра на таткото 49. Разликата од 32 години не им пречи, а девојката вели дека ќе се венчаат следната година кога ќе наполни 18 години.
-И натаму се бориме да ја прифатат нашата љубов. Герит никогаш не манипулирал со мене. Јас го сакав тој контакт и сама ги развив чувствата кон него, рече таа.
Герит вели дека на почетокот ја одбивал таа врска зошто имал семејство кое не сакал да го остави.
Ние сме среќна двојка, најдобри пријатели, сродни души. Се разбираме и многу ни е убаво заедно, велат тие.
Двојката живее во Берлин.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП