Пријателството не е секогаш взаемно

Следниот пат пред некого да наречете пријател размислете, бидејќи секое второ пријателство е взаемно, покажува студијата на Технолошкиот институт во Масачусетс.
Во истражувањето учествувале посетители на деловен курс на возраст од 23 до 38 години.
Имале задача да оценат колку се блиски со колегите, на скала од нула, што значи „не ја знам оваа личност“ до пет, што се однесува на најдобар пријател.
Исто така испитаниците се замолени да предвидат како другите ги оцениле.
Интересно е дека дури 94 отсто од испитаниците очекувале дека нивните чувства на пријателство ќе бидат возвратени, но тоа се било случај само во 53 отсто од случаите.
Едно од објаснувањата за оваа појава е дека од ние кои ни се драги очекуваме да ни ги возвратат симпатиите.
Другата претпоставка била премногу болна, појаснуваат научниците, истакнувајќи дека објаснувањето лежи и во социјалните мрежи кои ја замаглија дефиницијата за пријателство, па пријатели ги нарекуваме и оние кои тоа всушност не ни се.
Ново на Сител
-

Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
