Балкан
25. јуни 2016 - 14:24

Пријателката на Јелена открива шокантни детали за семејството Маријановиќ - „Тие беа се само семејство не!“

Јелена е убиена на 2. април на насипот во Борча. Нејзината другарка тврди дека непосредно пред смртта го молела сопругот Зоран да се иселат бидејќи веќе не можела да ја трпи атмосферата во куќата. 

- Во таа куќа по цел ден никој ништо не работел освен неа, готвела, перела, ги подготвувала сопругот, неговиот син, свекрвата, свекрот, деверот, тврди таа. 

Поради љубовта кон Зоран се согласила да живее во семејната куќа со неговите родители, но набрзо увидела дека се чудни и дека нема да може долго да издржи. 

- Можете да замислите како и било на една позитивна личност како што е Јелена да живее во куќа полна со икони и религиски обележја со чудни обреди и верски фанатизам, кои се облекуваат во црно и зборуваат за натприродни моќи, раскажува другараката на Јелена. 

На Јелена најмногу и сметал свекорот. 

- Најмногу и сметаше свекорот кој по цела ноќ шетал низ куќа, додека пак на  свекрвата Зорица не смеела ни да и се приближи за да не и ја наруши негативната енергија, наведува пријателката. 

Како што тврди таа, Јелена во бес еднаѓ му рекла на Зоран: Носиме од од оваа луда куќа, што него тоа многу го навредило. 

На него не му ни паѓало на памет да се одвои од семејството, па постојано го одолжувал разговорот на таа тема и додава дека со денови пред убиството се расправале сопружниците за тоа. 

исто така таа наведува дека Јелена размислувала да го напушти Зоран и неговото семејство.