Пријателите за пејачот Дамјанов: „Живееше боемски и почина боемски во кафеана“
Пријателите, колегите, познаниците и фановите на фолк-пејачот Зоран Дамјанов со емотивни статуси се збогуваат од пејачот, кој ненадејно почина во Кавадарци.
Неговите најблиски сѐ уште се шокирани од тоа што се случило и велат дека за нив тој прерано заминал. Заминал брзо исто како што живеел. Дамјанов доживеал срцев удар додека седел со пријателите во локалната кафеана каде бил чест гостин.
-Живееше брзо, бурно, боемски, така и замина. Имавме долгогодишна соработка, бевме блиски, го сакав како син. Ја отпеа мојата песна „Цветанке моја“ со голем жар, и даде душа на песната и заслужено доби многу награди за неа. Сите сме длабоко потресени поради лошата вест, вели за Фокус композиторот Ристо Вешков, кој живее и работи во Америка.
Со емотивни пораки со пејачот се простија Милица Кузмановска, Иво Далтон, Васил Атанасов и многу други пејачи и композитори.
Во неговото родно Кавадарци често го споредуваа со легендарниот пејач Тома Здравковиќ, поради големиот талент, но и боемскиот начин на живот.
Во интервјуто за Фокус од пред три години, во кое Дамјанов отворено проговори за проблемите со алкохолот, тој тврдеше дека е свесен како градот изгубил верба во него, и како по успешната рехабилитација максимално се труди да си ја поврати вербата од роднините, пријателите и сограѓаните.
-Иако ми е тешко да се присетувам на сето тоа низ кое што минав поради алкохолот, сепак сакам да ја раскажам мојата приказна во која знам дека ќе се препознаат многумина. Кај нас алкохолот е лесно достапен, особено во моето родно Кавадарци, каде што речиси во секоја куќа се вари домашна ракија и се прави вино. Не сум единствениот кој стигнал до бездната, ги има многумина кои иако на почетокот на денот си ветуваат дека нема да ја земат чашката во рака, сепак на крајот завршуваат залиени со алкохол до таа мера што не можат ниту името да си го напишат. Но, најчесто кај нас тоа се проблеми што се туркаат под тепих и мнозинството смета дека е срамно да се збори за нив. Игнорирањето на зависноста од алкохол никому не му прави добро и на некој начин себеси се гледам како среќен човек кој навреме се соочи со вистината, а таа беше дека сум зависник и ми треба стручна помош за да си го спасам животот, раскажа Зоран за своите проблеми во 2014 година, потенцирајќи ни дека тоа го прави со цел да им помогне на сите кои се нашле во ситуација слична на неговата.
Ново на Сител
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград
-
Леброн: Имаме проблеми во нападот
-
Загина градежен работник во Гевгелија
-
УЕФА ја казни Легија поради однесувањето на навивачите на мечот со Динамо Минск