Пријателите кои заедно пијат имат поцврсти, поблиски и потрајни односи
Има нешто во пиењето во друштво, кога пријателите без двоумење меѓусебно споделуваат тајни, заедно се смеат на секојдневните случувања и плачат на лошата судбина. Таквите можности неретко меѓу луѓето создаваат поврзаност, која е посилна од вообичаеното во животот, потврдуваат научниците.
Студијата за влијанието на алкохолот врз здравјето и среќата ја спроведе тим научници од Париз. Тие собраа информации од 150.000 луѓе, разделувајќи ги во пет основни групи, според количеството испиен алкохол на ден.
Меѓу другото, тие заклучија, дека луѓето кои умерено конзумираат алкохол се едни од најздравите, но не затоа што пијат, туку затоа што имат активен социјален живот. Тие, исто така, се најсреќни луѓе, пишува Elite Daily.
Од друга страна, тие кои во целост апстинираат од алкохолот, се склони на дeпресија, покажува друго истражување, спроведено во Норвешка на 38.000 луѓе. Заклучокот е поддржан од страна на психологијата - оној кој не се приклонува кон мнозинството, во овој случај кон повеќето во друштвото кои пијат по некоја чашка, на некој начин се чувствува неразбран и отуѓен.
Луѓето кои од време на време се релаксираат со алкохол, учат уште една голема животна лекција - се е во умереноста.
Ново на Сител
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав