Прихрана на животните во Национален парк „Пелистер“
Тимови на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола вршат прихранување на животните во Националниот парк „Пелистер“.
Од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола информираат дека во рамките на заштитата на животинскиот свет во Националниот парк „Пелистер“, секоја зима се организира прихранување на животните.
- Акцијата за прихранување на животните се врши на определени места за кои се смета дека се посетени од некои видови на животни и притоа се поставуваат извесни количини на храна или минерали и сол, што им помага на животните во услови на остра зима полесно да ја преживеат, истакна Пеце Цветановски, портпарол на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола.
Прихраната на животните во Националниот парк се врши на четири локалитети, односно во атарот на Нижо Поле, под Пелистер, Вртешка и Брајчино, каде се поставени и распределени околу 90 килограми крупна сол, повеќе пакети со минерали, околу 80 килограми пченица, 50 килограми пченка и околу 15 бали со сено.
- Пченицата служи за да преживеат птиците, копитарите го користат сеното, минералите и солта, а за прихрана на дивите свињи се користи пченката. Доколку оваа зима се покаже како остра и сурова, веднаш штом се создадат услови на теренот, бидејќи на некои места снежната покривка е поголема од 50 сантиметри, ќе се изврши и дополнително прихранување, за што ние како јавна установа редовно издвојуваме средства за набавка на потребните материјали, потврди Цветановски.
Ново на Сител
-

Трамп: Разочаран сум, Зеленски не е подготвен да го потпише мировниот предлог на САД
-

Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
-

Антонио Кошта во посета на Париз и Даблин
-

Денеска е Св. Климент Охридски - Чудотворец
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
