Прифатено обвинението за убиство на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“ кај Струмица
Кривичниот совет при Основниот суд во Струмица го прифати обвинението за извршено убиство против 54-годишниот М.В. од село Добрејци. Обвинителството го товари дека на 7 мај годинава на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството со тоа што неговото тело го затворил во буре и го фрлил во водите на акумулацијата „Турија“.
Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, главната расправа треба да се одржи идниот месец, а датумот на одржувањето дополнително ќе биде утврден.
Полицијата го сомничи М.В. дека е сторител и на уште едно убиство врз 62-годишниот А.М. извршено од користољубие на подмолен начин лани на 9 октомври, а телото на убиениот затворено во камионски резервоар за гориво беше извадено од браната „Турија“ на 5 август годинава. За овој случај ОЈО Струмица нема подигнато обвиние поради немање доволно докази. Според информации од Обвинителството, интензивно се работи на собирање докази за подигнување обвинение.
По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица обвиниетиот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Убиство“.
Ново на Сител
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам
-
АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена