-->
-->
Прифатени три амандмани за Продлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции
-->
- Матичната собраниска Комисија за економски прашања на денешната седница, на која присуствуваа и членовите од опозицијата, едногласно прифати три амандмани за Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции, во второ читање и препорача да се даде на натамошна постапка во Собранието.Со првиот амандман, поднесен од пратеничката Лидија Тасевска од СДСМ, се овозможува со финансиска поддршка да бидат опфатени деловните субјекти од кожарскопреработувачката и текстилната индустрија без да го остварат вториот критериум кој предвидува зголемување или задржување на бројот на вработени. Ним ќе им биде потребно само да имаат зголемено ниво на инвестиции за да добијат субвенции.
Како што истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, компаниите од кожарскопреработувачката и текстилната индустрија како трудоинтензивни дејности доколку инвестираат во подобрување и автоматизација на производството неминовно е да испуштаат работници.
- Во моментов македонската кожарска и текстилна индустрија во најголем дел е лон индустрија и доколку направат инвестиција за да преминат на друг тип на индустрија со помодерни машини неминовно е да се намали бројот на вработени кои и така тешко ги обезбедуваат во моментов. Затоа дозволивме да не ги исполнуваат двата критериума и само со исполнување на едниот да може да добијат поврат на средства, бидејќи знаеме дека овие две индустрии се најранливи во моментов во Македонија, рече Анѓушев.
Тој ги ислуша и забелешките на опозицијата за Предлог-законот кои во најголем дел се однесуваа за допрецизирање на одредбата „позитивни деловни резултати“ и кои компании можат да бидат добавувачи на компаниите во технолошко индустриските развојни зони. Бидејќи опозицијата не беше на првото читање на Предлог-законот и немаше право да поднесе амандмани членовите на Комисијата се договoрија два амандмана да се поднесат комисиски, токму за деловите за кои опозицијата имаше најголеми забелешки.
Со првиот од овие амандмани во членот 12 зборовите „за позитивни деловни резултати од претходната година“ се заменуваат со зборовите „согласно член 9, став 1, алинеа 2. Како што појасни пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, целта е да се допрецизираат одредбите од Предлог-законот и точно да се одредат критериумите за добивање на субвенциите, наместо како што досега стоеше - позитивни деловни резултати.
Вториот амандман е за член 17 и се однесува за деловната поддршка на деловните субјекти во ТИРЗ-овите доколку набавуваат призводи од добавувачи од Македонија.
Со амандманот, посочи Цуклев, се менува став 1 и сега гласи „финасиската поддршка за воспоставување и унапредување на деловна соработка со добавувачи регистрирани во Република Македонија се однесува на деловни субјекти кои вршат дејност во технолошко-индустриските развојни зони кои ќе набават и вградат производи во крајниот производ наменет за извоз од добавувачи регистрирани во Република Македонија кои вршат производствена дејност“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
