-->
-->
Прием за Кик-боксерите по Европското и Балканското првенство
-->

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, по повод успешната организација на последното Европско првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје и големиот успех на македонските кик-боскери, Директорот Дарко Каевски организираше прием за кик-бокс репрезентацијата предводена од Претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко и тренерот Драган Атанасовски.
Каевски изјави дека Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреваруња,а воедно им честита и за остварениот успех на младите кик-боксери.
- Ми претставува чест што денес имам можност да ги примам младите репрезентативци кои направија високи резултати на последното европско првенство во кик-бокс. Македонија секогаш давала големи имиња во кик-боксот, па и од оваа репрезентација очекувам да излезат идните сениорски репрезентативци кои ќе ја претставуваат Македонија и ќе и донесат високи одличја во иднина. Во однос на организацијата на Европското првенство, Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреварувања. Сакам да им честитам и на Кик-боксинг Федерација на Македонија, која се покажа како одличен домаќин на ова првенство – изјави Каевски.
Митровски упати благодарност до Директорот и до Агенцијата за млади и спорт за огромната поддршка што ја даваат на федерацијата, особено за одржувањето на ова големо меѓународно натпреварување и дополни дека Македонија се покажала како одличен домаќин додека во однос на резултатите репрезентативците биле на посакуваното ниво.
- Сакам да упатам голема благодарност до Директорот и до Агенцијата за млади и спорт за огромната поддршка што ни ја даваат, особено кога ни беше најпотребна за одржувањето на ова големо меѓународно натпреварување. Ние како организатори се покажавме како одлични домаќини и учесниците беа задоволни од нашето гостопримство. Во однос на Македонската кик-бокс репрезентација, ние со 10 медали во генерален пласман завршивме на 27.место со 3 сребрени и 7 бронзени медали. Сребрени медали освоија Азрет Зекири, Стефан Крстев и Марко Тодоров , додека бронзите им припаднаа на Никола Нацев, Ивица Цветковски, Стојанов Благојче, Ненад Пантиќ, Бобан Јосифов, Витанов Витанче и Викторија Варадинова.
Следен голем настан кој ја очекува Федерацијата е Светското првенство за сениори 2017 во Будимпешта, Унгарија од 3 до 12 Декември, - изјави Митровски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај