-->
-->
Приближно 600 цивили загинале во Алепо во ноември
-->

Околу 600 цивили се убиени во сирискиот град Алепо за време на интензивните борби во текот на минатиот месец, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Во источниот дел на Алепо, што беше под целосна контрола на бунтовниците загинаа 463 цивили, од кои 52 деца. Во западниот дел од Алепо, што е под контрола на владините сили загинале 130 цивили, вклучително 40 деца.
Организацијата со седиште во Лондон наведува дека во борбите во Алепо загинале уште 532 бунтовници и 256 сириски војници и борци на провладините милиции.
Над 4.000 лица се повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сезонските работници во угостителството наголемо заминуваат, угостителите пак се надеваат на средношколците
-

Законот за сезонски работници ги дава првичните резултати, но потребни се одредени измени во однос на ограничувањето на деновите за ангажман
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
