При претрес во Тетово пронајдени кокаин и екстази
Полициски службеници на СВР Тетово вчера од 14 часот и 30 минути до 16 часот, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.А.(32) во тетовско Доброште, каде биле пронајдени кокаин, дигитална вага и МДМА (екстази).
- Н.А., кој претходно бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, со соодветен поднесок е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена, информира МВР.
Н.А. се сомничи дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик и вчеравечер (7 јули) тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата