При крај реконструкцијата на регионалниот пат Гостивар - Врапчиште
Реконструкцијата на регионалниот пат што води од Гостивар до Врапчиште за неколку дена ќе заврши, доколку временските услови бидат поволни, најави директорот на јавното претпријатие „Македонија пат“, Гајур Кадриу.
Тој денеска заедно со градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта изврши увид во активностите кај северниот влез на Гостивар и надвозникот, што е последната етапа од овој патен правец.
- Реконструкцијата на овој патен правец, кој од Гостивар преку Врапчиште води до Тетово, е исклучително важна со оглед дека него го користат над сто илјади граѓани од потшарпланинските населби. Токму овој проект на „Македонија пат“ треба да придонесе за поквалитено одвивање на сообраќајот во овој регион, рече Кадриу.
Тој нагласи дека проектот, кој опфаќа реконструкција и асфалтирање на регионалниот пат до селото Врапчиште, е вреден околу 35 милиони денари, а само за делот што го зафаќа влезот на Гостивар и на кој моментно се работи се инвестираат 3,5 милиони денари. Парите се обезбедени од државниот буџет.
Градоначалникот на Гостивар оцени дека договорените обврски се исполнети во целост.
Кадриу и Бејта претходно имаа средба на која, како што беше соопштено, разговарале за состојбата на патните правци и инфраструктурата во Гостивар, за која е надлежно ЈП „Македонија пат“, како и за натамошните зафати во насока на нивно подобрување.
Ново на Сител
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар
-
Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше
-
Теодор Јовески го извади осветениот крст од водите на Вардар во Скопје
-
Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река
-
Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните
-
Во Охрид Светиот крст го фати Мартин Гоџоски
-
Намалена видливост поради магла до 100 метри во Штип, Страцин, Битола и Прилеп
-
Минчев: Богојавление нè потсетува на значењето на верата, единството и љубовта меѓу луѓето