Свет
18. December 2020 - 15:52

При експлозија во Авганистан загинаа 15 лица, од кои 11 деца

Во експлозија во централниот дел на Авганистан загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и 11 деца, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Според првичните информации, експлозивот бил поставен во рикша, изјави портпаролот на авганистанското Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан,

Тој додаде оти во нападот повредени се најмалку 20 луѓе, како и дека поголемиот број од жртвите се помлади од18 години.

Се уште никој не презел одговорност за нападот.