Пргомет: Ние ќе одлучиме кој ќе биде новиот премиер на Хрватска
Кандидатот на коалицијата Мост, која постигна изненадувачки успех на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, Драго Пргомет изјави изутрината дека без Мост не може да биде составена новата влада.
- Ние ќе одлучиме каква ќе биде новата влада и кој ќе биде идниот премиер, рече Пргомет за хрватската телевизија Н1.
- Мост ќе биде последниот, кој ќе предизвика нов избор. Нашиот лидер Божо Петров изјави дека ќе разговараме со сите и ќе соработува со оние, кои се подготвени за реформи, додаде тој.
Пргомет нагласи дека коалицијата ја почитува волјата на хрватските граѓани, кои како што рече, јасно дале до знаење дека сакаат промени.
- Ние сме апсолутни победници. Ќе водиме разговори врз основа на волјата на граѓаните, рече тој.
Според него не е реално да се состави голема коалиција меѓу двете големи партии, Социјалдемократската на премиерот Зоран Милановиќ и Хрватската демократска заедница на Томислав Карамарко.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност