Македонија
23. November 2021 - 21:53

Преживеаните зборуваат за автобуската несреќа | ВИДЕО

Млад пар е и преживеаните во трагедијата во Бугарија. Станува збор за Лулзим од Прешево и неговата свршеница Медина од Сопот во Куманово.

Алсат објави видео од парот во болничка соба. Тие велат дека биле на претпоследното седиште. За среќа Лулзим бил буден и свесен во моментот на несреќата гледајќи се со свои очи. Тој вели дека откако избувнал пожарот во автобусот, успеал да го скрши страничното стакло на автобусот, со што ја испружил раката и ја повлекол со себе својата свршеница која не можела да оди откако и ги скршила нозете.