Преживеан од бомбардирањето на Хирошима почина на 96 години
Преживеаниот од американското атомско бомбардирање врз Хирошима, Сунао Цубои, кој стана и истакнат активист за нуклеарно разоружување и оствари средба со Барак Обама во 2016., почина на 96-годишна возраст. Веста ја соопшти вчера неговата група заштитници на човекови права.
Во 1945 година, кога САД го извршија првиот напад со нуклеарна бомба, Цубои, тогаш во своите рани 20-ти, бил на пат кон инженерското училиште.
– Имав изгореници по целото тело. Гол, на 6 август се обидував да бегам околу три часа, но на крајот не можев веќе ни да одам, изјави тој во 2016 година.
Потоа, тој зел мал камен и напишал „Овде почива Цубои“ на земјата пред да изгуби свест. Се разбудил неколку седмици потоа, но подоцна во животот развил рак и други болести. Како борец, стана истакнат бранител на преживеаните од атомската бомба и цел живот водел кампања за свет без нуклеарно оружје.
– Можам да издржам тешкотии во име на човечката среќа. Можеби ќе умрам утре, но оптимист сум. Никогаш нема да се откажам. Ние сакаме нула количина нуклеарно оружје!, велеше тој.
„Цубои умре во саботата од анемија“, изјави вработен во „Нихон Хиданкијо“, група која ги претставува преживеаните од атомските бомбардирања во Хирошима и Нагасаки, каде Цубои беше еден од водачите.
Според Министерството за здравство, во Јапонија сѐ уште има 127.755 преживеани лица од двата напади, со просечна возраст од 84 години.
Околу 140.000 луѓе загинаа во бомбардирањето на Хирошима, вклучително и оние кои ја преживеаја експлозијата, но починаа набргу потоа од изложеност на радијацијата. Три дена подоцна, САД фрлија плутониумска бомба врз пристанишниот град Нагасаки, при што загинаа околу 74.000 луѓе и заврши Втората светска војна.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
