Преживеале хорор во такси - Битолчанец обвинет за напад и полови дејствија

Вистинска драма се случила вчеравечер околу 21,00 часот во Битола, две лица(машко и женско) на возраст од 24 и 25 години од Битола влегле во такси возило ПМВ „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки управувано од П.М.(54), кое било паркирано во нас. „Баир“ со намера да одат кон центарот на градот.
При тоа П.М. започнал расправија со машкото лице за наводен долг, по што ги земал 100-те евра кои истиот ги држел во рака, а потоа ги заклучил вратите од возилото и со голема брзина се упатил кон излезот од градот. П.М. застанал во темна улица, ја извлекол девојката насилно од возилото, додека момчето го заклучил во истото, а потоа извршил полови дејствија врз девојката.
Потоа го отклучил возилото и го извлекол и момчето надвор, го удрил и заминал од местото на настанот. СВР-Битола превзема мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
