Свет
31. October 2018 - 22:17

Преживеала сама 6 дена во пустина: Имала сообраќајка со автомобилот, па повредена тргнала пеш да бара помош

Властите во Аризона велат дека спасиле една жена, која тешко повредена, сама поминала шест дена во пустина после судар.

Управата за јавна безбедност денеска соопшти дека спасителите таа 53 годишна жена ја нашле на 18 октомври во состојба на тешка дехидрација така што ги следеле трагите од нејзиното возило низ пустината.

Патарите и еден сточар забележале траги од автомобил кој свртел од патот неколку милји од селото Викенбург.

Не се објавени детали за таа жена, за која властите велат дека на 12. октомври изгубила контрола над своето возило.

Жената неколку дена поминал во скршеното возило, а потоа со мака излегла и тргнала пеш кон железничката пруга да бара помош. Меѓутоа, толку била слаба што не успеала да стигне до пругата, туку ја нашле во пустината недалеку од автомобилот.