Преживеа удар на гром и доби премија на лото
Питер Мекети, Канаѓанец, може за себе да рече дека доживеал нешто сосема невозможно - преживеа удар на гром и доби премија на лото.
- Искрено, повеќе очекував уште еднаш да ме погоди гром, рече тој откако минатата недела дозна дека добил милион долари на лото. Добивката ќе ја подели со Дајан Милер која е вработена во продавницата на Мекети, затоа што тие заедно повеќе од една година уплатуваат ливчиња на лото.
Гром го погоди Питер Мекети кога имал 14 години, додека се обидувал да го врзе чамецот со кој пловел, а исто непријатно искуство имала и ќерката на Питер пред неколку години.
Шансите да вие и вашата ќерка ве погоди гром и да добиете премија на лото се еден спрема 2.600 милијарди, пресмета на барање на Еј-Би-Си, Софи Легер, професорка на Универзитетот Монктон.
- Тоа е речиси невозможно, но сепак се случи. Тоа не зборува дека во животот сепак се е можно, рече професорката.
Мекети рече дека планира својот дел од добивката да го потроши на своето хоби - готвење и ловење риби, а неговата вработена Даен Милер рече дека не планира да ја напушти работата и дека парите ќе ги потроши на одмор и патувања.
За да ова не биде крај на среќните настани за Питер Мекети, се погрижи Атлантската лотарија која ќе му исплати дополнителни 10.000 долари, како сопственик на продавницата каде што е платено добитното ливче. Чини три долари.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок