Презентирана програмата на Коалицијата за промени и правда во Делчево
Носителот на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата за промени и правда во ИЕ бр 3, Весна Стоименовска, денеска оствари средба со граѓаните на Делчево при што презентираше дел од изборната програма на оваа Коалиција.
Порача дека регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда, пред сѐ ќе разговара за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во овој регион.
- Од она што може да се заклучиме од средбите со граѓаните е дека клучен проблем е иселувањето на младите. Бројките се дека над пет илјади граѓани од Делчево се засекогаш иселени, а бројот на жители е преполовен, додека околу 2.000 мигрираат сезонски за работа. Она што Коалицијата запромени и правда го нуди во поглед на стопирање на иселувањето е формирање на фонд за млади кој предвидува издвојување на два проценти од буџетот, што значи декаќе се даде директна поддршка за вработување млади и стручни кадри. Младите бегаат и поради нискиот животен стандард и поради системот кој овој режим системски ги уништуваше условите запристоен живот. Во поглед на борбата со сиромаштијата и нискиот животен стабдард, Колацијата предлага покачување на минималната плата на 300 евра за што имаме изготвен проект, а средства запокачување на минималната пата има и ќе се обебзедат со кратење на непродуктивните трошоци, силни антикорупциски мерки и со укинување на репрезентациите на функционерите, рече Стоименовска.
Таа истакна дека Колаицијата предвидува инвестиции во инфраструктурата во висина од 800 милиони евра.
-Она што е битно за овој регион е решавања на проблемите со инфратсруктурата. Ние ќе се залагаме за рамномерен регионален развој, бидејќи капиталот не смее да биде концентриран само во Скопје и затоа предвидуваме инвестиција во инфратсруктурата. Во поглед на странските иневстиции и од она што го разговаравме со мадите претприамачите е дека нивните можности за равзој се ограничени и немаат исти бизнис- услови со странските инвеститори. Овде ТИРЗ зоната е празна, инвеститорите не се одлучуваат да инвестираат поради лошата инфратсруктура, но сакаме да потенцираме дека привилегиите што ги уживаат странските инвеститори ќе бидат исти и за домашните инвеститори, потенцираше Стоименовска.
Таа најави дека ќе биде зголемен фондот за исплата на субвенции за земјоделците, а субевнционирањето ќе продолжи и ќе биде насочено кон вистинските земјоделци.
Регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда попладнево има средби со граѓаните на Берово.
Ново на Сител
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово