Презентирана на Брионската изјава за начелата на независноста на судството
Брионската изјава од 14 октомври 2015 година имплицира непоколеблива заложба за артикулирање на независноста на судството и судиите и механизмите за нејзина заштита, наспроти мешањето и нападите кои ја засегаат.
Ова денеска го истакна претседателката на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова на презентацијата на „Брионската изјава за начелата на независност на судството“ на Правниот факултет во Скопје.
- Во исто време, со реафирмирање на минималните гаранции наброени во основните постулати на овој документ, таа се залага за унапредување на принципот на независно и непристрасно судство, препорачувајќи континуирани реформски активности на државите потписнички, сето ова засновано на определиви правни механизми кои ќе го обезбедат тоа, рече Неделкова.
Потенцира дека донесувањето на Брионската изјава е исклучително важна поради тоа што е производ на хармонизирани мислења на претседатели на врховни судови кои го претставуваат судството и судиите, во и од име на своите држави.
- Нападите врз независноста на судството се повеќе се продлабочуваат, па токму преку оваа изјава и преку конкретни делувања треба да се прати порака дека нема да се дозволи межање и нарушување на независноста на судството, истакна Неделкова.
Според деканот на правниот факултет Борче Давитковски, независноста на судството во овој момент е голем предизвик за нашето општество. Тоа е, вели тој, идал кој не е реализиран, цел кон која треба да се стремиме сите заедно, како правни теоретичари, како судии, но пред се како граѓани на современо и модерно општество.
- Денес само со високо стручни и професионални кадри можеме да градиме европски вредности и стандарди за судски систем кон кој се стремиме и затоа особено ме радува што науката и праксата заеднички се посветени, да успеат во тие напори, рече Давитковски.
Брионската изјава за начелата на независноста на судството е донесена на Конференцијата на претседателите на врховни судови од Централна и Источна Европа и потпишана од претседатели на врховни судови на 16 земји минатата година во Бриони, Хрватска.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети