Презентирана мобилна апликација за генерирање информации за млади
Презентирана мобилна апликација за генерирање на младински информации преку која младите луѓе ќе можат брзо и едноставно да дојдат до информации кои се однесуваат на образование, стипендии, обуки, вработување и претприемачки вештини.
Мобилната апликација за веб страната хттп://млади.амс.мк/ е избрана на натпревар за креирање мобилна апликација во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“ на Коалицијата за младински организации СЕГА, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ФИНКИ.
Зорица Стаменковска од Агенцијата за млади и спорт рече дека веб страницата за млади е промовирана во 2015 година, а сега ќе добие и мобилна апликација.
- Целта на страницата е да понуди квалитетни и нови информации за младите луѓе во нашата држава. Најдоброто решение ќе биде наградено со 500 евра парична награда од АМС и е дел од приоритетните области на националната стратегија за млади, рече Стаменковска.
Според Зоран Илиески од Коалицијата СЕГА за прв пат во Македонија ќе се генерира мобилна апликација за сите паметни телефони преку која младите луѓе ќе имаат можност брзо, едноставно и навремено да ги добиваат сите информации кои се од нивни интерес.
- Ќе се обезбедат информации кои се однесуваат на образование, стипендии, патувања, обуки, вработување, претприемачки вештини и други. Сето тоа ќе биде спакувано во една апликација што ќе обезбеди брз преглед на информациите и точност, рече Илиески.
Деканот на ФИНКИ Иван Чорбев, изјави дека со Агенцијата за млади и спорт соработувале на повеќе проекти, вклучително и натпревари за информатика и севкупните активности за промоција на информатиката како професија во подем.
- Имаме работено на повеќе вакви проекти за развивање на е-општество. Студентите се јавуваат со свои идеи за развој на апликацијата. Таа ќе стане достапна за сите млади во земјата да можат преку своите мобилни уреди да добиваат информации за стипендии, натпревари и слично, рече Чорбев.
Сите тимови својата мобила апликација ја презентираа пред комисија од пет лица, која изврши нивна оценка според претходно утврдени технички критериуми.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп