-->
-->
Презентиран проектот „Фудбал без граници“
-->
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска на заедничка прес-конференција, амбасадорите на Франција и на Германија, Лоранс Оер и Кристине Алтхаузер и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски го презентираа проектот „Фудбал без граници“.
Овој проект се реализира во пресрет на почетокот на Европскиот шампионат во фудбал во 2016 година, чиј домаќин е Франција, а со поддршка од Француско-германската канцеларија за млади, асоцијацијата „Лоја“ од Тетово и Фудбалската федерација на Македонија. Се спроведуваше изминатите пет дена во Скопје и во Тетово, а целта беше да се спојат луѓе со различна националност, религиска припадност, различни полови, сите под едно име „Фудбал без граници“.
- Го финализираме проектот кој го подготвуваме неколку месеци. Претставува задоволство да се работи на овој проект со кој сакавме да покажеме дека фудбалот нема граница и дека со помош на фудбалот можеме да ги обединиме младите од сите земји. Сакавме тие млади на одреден број работилници, преку дружба, заедно без никакви табуа, да третираат прашања околу расизмот, насилството и дискриминацијата во фудбалот. Денеска не постои екипа во фудбалот во која сите зборуваат еден јазик, денеска фудбалските тимови се мултиетнички. Фудбалот денеска претставува еден убав симбол на прифаќање на другиот и би сакала тој симбол да го поздравам, рече француската амбасадорка Оер.
Пред присутните се обрати и германската амбасадорка во Македонија, која очекува резултати од овој проект.
-Се надевам дека проектот ќе донесе добри плодови и се надевам дека и понатаму ќе има вакви содржини. Од оваа ситуација очекувам да се изродат многу нови контакти и пријателства и тоа е тоа што јас и мојата колешка го посакуваме од овој проект, изјави Алтхаузер.
За Генералниот секретар на ФФМ овој проект заслужува респект и внимание, бидејќи преку него се испраќа порака до тие што се на трибините, а и пошироко, до општеството, за соживот во една мултиетничка средина.
- Фудбалот обединува. Ние сме сите обединети во радоста која што ја носи фудбалот. ФФМ својата мисија како социјално одговорна организација ја продолжува и надвор од стадионите. За нас е многу важна безбедноста и создавање услови со што на трибините би се вратиле и жените и децата. Исто така, нашите напори се да има што повеќе деца што ќе играат фудбал, а тоа е и начин за превенција од пороците во општеството, нагласи Поповски.
Во рамките на проектот „Фудбал без граници“ попладнево од 17 часот на Факултетот за физичка култура, предавање ќе одржи и Ан Тати, доктор по спортска социологија и професор на Универзитетот во Франш-Конте.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти