Презентација на воени возила и опрема, дел од вежбата „Брз одговор“
Отворен ден организиран во рамки на вежбата „Брз одговор 23“ денеска од 11 до 14 часот ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци каде ќе бидат прикажани дел од возилата, вооружувањето и опремата што ќе се користи на оваа вежба.
На настанот ќе присуствуваат и министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Во рамки на отворениот ден, граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со воени возила на нашата Армија и на вооружените сили на САД, Албанија, Црна Гора и Косово. Претставена ќе биде и опрема за алпинизам, нуркање, АБХО заштита и падобранство од Армијата.
Во Кавадарци ќе биде прикажано и роботизираното софистицирано возило т.н. PROJECT ORIGIN, кое е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на Армијата на САД.
Вежбата „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“), која започна на 22 мај на армискиот полигон во Криволак, е најголема вежба во земјава годинава со учество на армии на четири НАТО земји и една партнерска земја со вкупно околу 1.850 учесници. Покрај нашата армија на вежбата учествува и Националната гарда на Минесота САД, армиите на Албанија, Црна Гора и на Косово како земја партнер на НАТО.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација