Презентација на водечки руски високообразовни институции

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” денеска и утре ќе се одржува саем-презентација на водечките руски високообразовни институции, со учество на нивни претставници од повеќе наставно-научни области и специјалности.
Посетителите ќе може да се информираат за програмите на сите степени на образование во Русија, како и за стипендиите за странски студенти кои ги доделува Руската Федерација.
Настанот „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“ е слободен за посетителите и во двата дена е отворен од 9 часот. Свеченото отворање е денеска во 10 часот.
За учество во манифестацијата неопходна е претходна регистрација на линкот: https://clck.ru/EFW2p. За присутните ученици и студенти во склоп на настанот ќе биде организирана наградна игра.
Презентацијата ја организираат Russia.Study (Агенција за соработка во образованието) и Претставништвото на Россотрудничество во Скопје, со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
