Презентација на резултатите од прекуграничната соработка меѓу Северна Македонија и Албанија

Корисниците на грантови од Програмата за прекугранична соработка денеска во Охрид ќе ги презентираат резултатите од нивните проекти финансирани од Европската Унија, под слоганот „Градење заедничка иднина“. Целта е да се промовираат резултатите од девет тековни проекти финансирани од ЕУ кои се имплементираат во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, како и да се истражат можностите за идна соработка и развој на туризмот во прекуграничната област.
На презентацијата најавено е присуство на министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорот на ЕУ на во Северна Македонија, Семуел Жбогар и амбасадорот на ЕУ во Албанија, Луиџи Сорека. Презентацијата е во три дела и вклучува: конференција за туризам, саем на проекти и официјално отворање на Центарот за спасување на Црвен Крст, а ќе биде спроведена и акција за чистење во рамки на кампањата „За чисто како дома исто“.
Презентацијата ќе започне со конференција за туризмот како потенцијал за прекугранична соработка помеѓу двете земји. Ќе биде ставен акцент на одржливиот туризам, жените во туризмот, како и подобра употреба на природното и културно наследство и стандардите за агро-храна за креирање нови локации за агро-туризам. Центарот за спасување на Црвен Крст (планина/вода), кој што е прв од ваков вид во регионот на меѓуграничната соработка, а беше реновиран со средства на Европската Унија, ќе биде официјално отворен. Градскиот плоштад во Охрид ќе биде домаќин на отворен саем на девет проекти финансирани од ЕУ каде корисниците на грантови од двете земји ќе имаат директни состаноци за да ги промовираат нивните резултати и да идентификуваат можности за нова соработка. Во рамки на кампањата „За чисто како дома исто“ ќе биде спроведена акција за чистење која ќе се одвива во Охридската тврдина. (Стара порта).
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
