Презентација на проектот за подготовка на потребните документи за самоодржлив систем за управување со отпад
Интегриран и самоодржлив систем за управување со отпадот во Скопскиот, Југозападниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион е целта на проектот за подготовка на потребните документи за реализација на системот во четирите региони во Република Македонија кој денеска го презентираше Мнистерството за животна средина и просторно планирање.
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири информира дека проектот кој започна да се спроведува на 22 декември минатата година е во времетрањење од 24 месеци, а ќе го имплементира конзицориоумот ENVIROPLAN.
- Министерството посветено и континуирано работи на решавање на проблемите со отпад на целата територија на државата. Меѓу останатите проекти кон крајот на годината го започнавме и овој проект, за кој денеска информираме, за неговите проектни активности како за обврските кои ќе произлезат од него за општините, истакна Изаири.
Министерот информира дека овој проект се спроведува во рамките на Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 и Приоритетната оска 3 кои се однесуваат на подобрување на инфраструктурата во животната средина како и Мерката 3,2 за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад.
Раководителот на Одделот за оперативни работи на ЕУ Делегацијата Матин Клауке потенцира дека е многу важно соодветното уперавување со отпадот.
-Лошото управување со отпадот може да доведе до социјални и економски проблеми во една заедница. Често пати луѓето кога доаѓаат во една општина прво го забележуваат отпадот. Некој отпад можеби не е опасен за животната средина, но факт е дека вијае врз воздухот, водата и почвата, истакна Клауке.
Важно е, рече тој, на идните генерации да им оставиме планета на која ќе имаат здрав живот. Нагласи дека Европската Унија ќе продолжи да дава поддршка за исполнување на предизвиците за интегрирање на Македонија во Унијата.
Проектот предвидува изработки на регионални планови за управување со отпадот во четирите региони, стратешки оценки за жувотната средина и на студии за влијанија врз животната средина. Вкупната вредност на проектот изнесува три милиони и 580 илјади евра.
Ново на Сител
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат