Презентација на можностите за пристап до средства за иновации

Како полесно да се стаса до средства од Фондот за иновации и технолошки развој е темата на прес-конференцијата на Сојузот на стопански комори на Македонија, во рамки на неговите активности кои имаат за цел компаниите подетално да се запознаат со инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф.
ССК во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија, организираат серија активности со цел компаниите подетално да се запознаат како функционира со инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф, во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 30.000 евра, како и Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 100.000 евра.
На прес-конференцијата ќе се обрати извршниот директор на Сојузот, Митко Алексов и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
