Презентација на можности за развој на компаниите преку програмата Еразмус плус 2018
Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска организира информативен настан на тема „ССК: Можности за развој на компаниите преку програмата Еразмус плус 2018“.
Целта на информативниот настан е презентација на можностите за вклучување на бизнис-заедницата во програмите на Еразмус плус во 2018 година, наменети за компаниите без разлика на нивната големина и дејноста со која се занимаваат.
Програмите се во насока на зголемување на конкурентноста на компаниите, преку дообука на кадарот, зголемување на вмрежувањето на компаниите, ширење на бизнисот и размена на добри практики.
На настанот ќе се обратат: Александар Зарков, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија, и Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
На настанот ќе биде презентиран и процесот на аплицирање, а корисници на грантови во изминатиот период ќе споделат практични искуства за бенефитот од програмата Еразмус плус, која годинава изнесува 5, 5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот