Презентација на извештајот „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“
Во Куманово денеска ќе биде презентиран мониторинг извештајот „Омбудсманот - меѓу граѓаните и институциите“, односно наодите од мониторингот на работата на Народниот правобранител и од фокус-групите организирани со новинари и граѓански активисти од Струмица, Штип, Битола, Тетово и Скопје.
Пред присутните ќе се обратат заменик – народниот правобранител во Регионалната канцеларија во Куманово Насер Весели, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, извршната директорка на НВО Инфоцентар Билјана Бејкова и новинарката Гордана Дувњак.
Во рамки на презентацијата, која е во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, ќе има и дискусија во врска со работата на Омбудсманот.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник