Превозниците и туристички агенции бараат измени во Правилникот за организирање училишни екскурзии
![]()
Промена на правилникот за организирање на училишни екскурзии бара Стопанската комора за туризам, со цел да се усогласи со европската директива за превоз на патници. Претседателот на Надзорниот одбор на Стопанската комора за туризам, Димитар Кашиков вели дека веќе е формирана комисија при комората, која работи на оваа проблематика. Туристичките агенции и превозниците бараат од училиштата кога ќе ги организираат екскурзиите во и надвор од државата да се консултираат со нив, бидејќи од 1 јануари 2020 година секој автобус мора да има дигитален тахограф.
-Правилникот на Министерството кажува дека еден возач денеска во возење може да помине девет часа. Кога се прават екскуризии во училиштата треба да се пази времетраењето на изведувањето на екскурзијата и да биде во ограниченото време, за да може да се запази времето. Мерките кои што ЕУ ги донесе од 1 јануари 2020 година се дека сите автобуси треба да имаат дигитални тахографи. Значи сега и во земјава мора да бидат електронски, а со тоа нема можноста да се прават никакви манипулации во возењето, вели Кашиков.
Забележува дека Бугарија и Србија веќе направиле измени во правилниците и нивните превозници и туристички агенции веќе не смеат да имаат ноќни возења на ученици, во периодот од 22 до 4 часот.
Поради вакви ризгорни мерки и правила од комората бараат и да се усогласуваат екскуризиите со училиштата, како во земјава, така и во странство. Сметаат дека и овие нивни забелешки треба да бидат ставени во правилникот за организирање на учечни ексурзии. Кашиков додава дека донеле заклучок да им се сугерира на училиштата да ги организираат и согласно наставните програми и во еден ден какошто вели тој не можат да се посетат повеќе градови или локалитети во земајва.
-Еве на пример не може ученици од Берово во ист ден да ги посетат знаменитостите во Скопје, потоа Матка, па да одат во Вруток, потоа да го видат Свети Јован Бигорски, па манастирот Рајчица и во 22 часот да пристигнат во Охрид. Тоа е многу и за возачот и за учениците, вели Кашиков.
Заклучоците на Комисијата за училишни ексурзии при Стопанската комора за туризам ќе ги достави до МОН и Бирото за развој на обраванието и ќе бараат дебата со раководствата на училиштата и надлежните за да се промени правилникот во интерес на безбедноста и запазување на новата европска регулатива.
Директорите на училиштата во Штип се едногласни дека доколку промените се прават во интерес на безбедноста на учениците, возачите и наставниците, за нив се прифатливи, бидејќи тоа е и најврвниот приоритет во организирањето на ученичките ексурзии. Што се однесува за содржините, тие ги прават согласно планот, а главен филтер им е Бирото за регионален развој, кое често пати знае и да им укаже дали се во согласност со или не наставната програма и струката на училиштето.
Ново на Сител
-

СВР Скопје поднесе кривична пријава за случена сообраќајна несреќа во населба Илинден во која загина едно лице
-

Приведен 43-годишник од велешко, затекнат е при обид да изврши кражба во црква
-

Кривична за 30-годишник од Скопје, ја следел неговата поранешна девојка до нејзиниот стан и упатувал закани кон неа
-

Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат, тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија
-

Воздухопловниот ВИНГ го одбележа Денот на единицата со прелети на армиски и сојузнички воздухоплови | ФОТО
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
