Превод на италијанскиот роман „Оваа слобода’ од Пјерлуиџи Капело

Издавачката куќа „Бата прес“ го објави романот „Оваа слобода“ од италијанскиот поет и романсиер Пјерлуиџи Капело, кого книжевните критичари го нарекуваат „поет на носталгијата“.
- Во оваа автобиографска новела, Калело ја прифаќа судбината онаква каква што е. Авторот раскажува за своето детство, за откривањето на книгите, читањето и пишувањето, и за нивното лечебно влијание. Читањето и моќта на имагинацијата му овозможуваат на нараторот врзан за кревет, во тело што не го препознава како свое, да најде нови начини да се чувствува и да живее слободно, и покрај физичките ограничувања што му ги наметнува предавничкото тело, соопшти издавачот за книгата која од италијански на македонски ја преведе Калина Јанева.
Во образложението за високата италијанска книжевна награда „Терцани“ за 2014 година, меѓу другото, се вели дека романот „Оваа слобода“ е „микрокосмос што ја претставува човековата состојба“ и што раскажува за „процесот на едно лично достигнување што, поради својата егзистенцијална суштина и поради врската со еден конкретен историски и географски контекст, поврзува една лична приказна со искуството на цел еден колектив, народ, општество...“
Пјерлуиџи Капело е еден од најзначајните гласови на современата италијанска поетска панорама. Роден е во Џемона дел Фриули во 1967 година, но потекнува од Кјузафорте, каде што го поминал детството. На шеснаесетгодишна возраст, по тешка сообраќајна несреќа на мотор, останува во инвалидска количка. Автор е на поетските збирки „Диптих“ (2004) и „Став“ (2006). Во 2008 година објави збирка есеи „Богот на морето“, а во 2010 година ја објави поетската збирка „Испратете му абер на императорот“. Капело живее и твори во гратчето Тричезимо.
Романот „Оваа слобода“ (Questa libertтà) е објавен со поддршка на Европската унија, во рамки на програмата „Креативна Европа“, како и со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за надворешни равоти на Италија.
„Бата прес“ информира дека на претстојниот Саем на книгата во Скопје ќе биде првата промоција на преводот на ова дело, а во рамките на својата едиција „Europae speculum“, „Бата прес“, ќе промовира уште пет европски романи.
Ново на Сител
-

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили од Појасот Газа
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиничката болница во Битола
-

Промоција на нови полициски службеници од генерација 2025/2026 година
-

Сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
