Македонија
16. May 2016 - 10:28

Превентивни мерки на СВР Битола во пресрет на матурските вечери

СВР-Битола во пресет на матурските вечери ќе ја зајакне сообраќајната контрола на патиштата од нејзина надлежност. Воедно апелира, прославувањето на матурските вечери да биде достоинствено и без безбедносни последици.

Секторот за превенција при СВР Битола порачува, да не се користат алкохол и дрога, ниту да се управуваат моторни возила под дејство на алкохол и дрога, да се избегнуваат кавги, расправии и тепачки, да не се употребуваат огнено оружје и пиротехнички средства, како и да се почитуваат законите зашто, како што истакнува во соопштението, за безбедноста на сите, секој е одговорен.