-->
-->
Превентивни активности на МВР во Прилеп и Кавадарци
-->
На подрачјата на Прилеп и Кавадарци вчера се реализирани превентивни активности во кои целни групи беа средношколците и повозрасните граѓани, соопшти денеска МВР.
Во Средното општинско училиште - Гимназија „Мирче Ацев“ во Прилеп од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп и од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени едукативно-превентивни работилници на темите „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“.
- Во Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес на повеќе локации во градот организираше средби и разговори со граѓаните околу клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот - пешаците, односно повoзрасните лица, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски