-->
-->
Превентивна акција против пожари во Кавадарци
-->
Претставници на Одделението за превенција при Полициската станица од општа надлежност денеска делеа флаери со едукативна содржина, под мотото „Да ја заштитиме шумата од пожар“.
Акцијата со цел едукација на населението, беше реализирана на регионалниот пат Кавадарци - Мушов Гроб, кој води кон десетина села под планината Кожуф.
- Подрајчето е главно шумско и постојат можности да се случат шумски пожари, затоа тука ја спроведуваме акцијата, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.
Неколку дена претходно, во полицијата се одржа средба на Советодавната група граѓани на која се анализираа пожарите на отворено од минатата година. Се разговараше и за подготвеноста за справување со евентуални пожари ова лето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош