Преведена книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров
Преведеното и обработеното издание на книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров денеска беше промовирано во МАНУ. Текстот го подготви Марио Шарески, магистер по геополитика и соработник во МАНУ.
Академик Владо Камбовски информира дека книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ на Ѓорче Петров е објавена на бугарски јазик во 1896 година и додаде оти првпат се појавува како превод во Македонија, со предговор и уредување на текстот.
- Оваа книга ja претставува Македонија во нејзината мултиетничка историчност и реалност. Ѓорчев, кој шетал по сите краишта на Македонија бил внимателен опишувач на хидрологијата, обичаите, составот на населението...Тоа го потврдува она што го потврдуваат и други книги од тоа време-Македонците живееле заедно со другите, во еден мултикултурен живот, рече Камбовски.
Шаревски кој за себе вели дека е голем љубител и истражувач на Македонија информира дека го почнал проектот и го спровел за три години.
- Од моја страна е направен превод и обработка на делото „Материјали по изучувањето на Македонија“ од Ѓорче Петров. Ова не е научен превод на оригиналот, кој е достапен на страницата на Википедија, рече Шаревски. Додаде дека делото е приспособено на денешен јазик и во денешен контекст за да се користи во секојдневниот живот, пред се во туризмот и планинарството.
Тој појасни дека се навршуваат 120 години од првото издание на книгата на Ѓорче Петров. Оригиналот е достапен во електронска форма, а на интернет го има прикачено НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје.
- Книгата содржи четири дела. Првиот е опис на релјефот, планините, правците на протегање и котлините на Скопско и Битолско, а вториот дел е хидрографија-описот на реките, речните долини и сливовите. Третиот е за патните врски и сообраќај, тука се земјени, коњски, железнички патишта што постоеле во тоа време во Македонија. Четвртиот и најголем дел е топографија каде има детални описи на географија, економија, трговија, прозводство, очбичаи, јазик, носии на луѓето во речиси сите области на денешна Република Македонија и еден дел од Егејска Македонија, рече Шаревски. Додаде дека книгата веќе ја користат за уредување статии на Википедија, во фактографскиот дел за планини, реки, езера и села во Македонија.
Според него, податоците во книгата се многу значајни. Оваа книга, како што рече, не е за полиците, туку за ранците. Да се најде во ранците на туристите, велосипедистите, планинарите, уживателите и љубителите на Македонија.
Книгата ќе се доставува по планинарските домови, библиотеки, центри на култура...
Ново на Сител
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана
-
Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
-
Осум лица аплицираат за две места во ДИК
-
Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста
-
Струмичанка тешко повредена во сообраќајка
-
СЗО ќе евакуира околу 1.000 жени и деца од Појасот Газа во болници низ Европа
-
Ибраимовски: Скршено е стакло, фрлена неактивирана бомба, нема повредени