Претстојниот Фестивал на трубите ги исполни капацитетите во Пехчево

Фестивалот на дувачки оркестри кој на 12 и 13 јули по деветти пат ќе се одржи во Пехчево, ги наполни сите хотелски и приватни сместувачки капацитети во Пехчево, кои како што информираат од Општината, околу 90 проценти се резервирани. Меѓу бројните гости се туристите од соседна Бугарија, но како што велат од Општината, не е мал бројот и на посетители од нашата држава.
– Подготвено го дочекавме и ова издание на Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево. Сите сместувачки капацитети, како хотелско и приватното сместување, се скоро резервирани. Ги покануваме сите оние кои сакаат да присуствуваат во Пехчево, за овие фестивалски денови, да си резервираат сместување во најбрз можен рок, бидејќи според информациите од приватните капацитети останаа уште сосем мал број места, истакнаа од Општината.
Фестивалот започнува на 12 јули, кога на сцената ќе настапат Влатко Лозаноски, дувачките оркестри Чоровци, Сенад Бенд, Џафер Бенд, а на 13 јули ќе се одржи и традиционалниот Етно саем „Пехчевски Павловден“, со целодневна програма во чии рамки ќе настапат традиционални етно групи од земјава и странство.
– На 13 јули, кога е главната вечер на фестивалот, на бината ќе настапат дувачките оркестри Уска Кан, Џипси Тајфа, како и екс-ју ѕвездата, поп и рок пејачот Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би био Бијело дугме“, за на крај, да настапат љубителите на пехчевската публика Brass Brothers, кои ќе го затворат фестивалот, додадоа од Општина Пехчево.
Генералните спонзори на фестивалот се Хотел „Гогов“, „Кит-Го“ маркети и ДИК „Фагус“, кои во соработка со Општина Пехчево и годинава ја продолжија традиција на натсвирување на Дувачките оркестри од земјава и странство.
Ново на Сител
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
