Претставување на високото образование во САД
Во организација на Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со EducationUSA Mакедонија, денеска во Меѓународното училиште НОВА, претставници од десет универзитети во САД ќе бидат на располагање да одговараат на прашања во врска со високото образование во Соединетите Држави и нивните институции.
Советниците на EducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија. Советникот за образование од Амбасадата на САД ќе одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од Владата на САД и за програмите на образовна размена.
Влезот на овој настан е бесплатен и отворен за јавноста, а предвидено е присуство и на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест