-->
-->
Претставување на македонската современа поезија и проза на Саемот во Варшава
-->
На Меѓународниот саем на книгата во Варшава, денеска ќе биде претставена современата македонска поезија и проза.
Поздравно обраќање до присутните ќе има амбасадорката на Република Македонија во Варшава Горица Атанасова-Ѓоревска, а осврт за современата македонска книжевност ќе има проф. д-р Лила Мороз-Грзелак од Полската академија на науки.
На книжевната средба ќе настапат афирмираните македонски автори Блаже Миневски, Јовица Тасевски-Етернијан и Владимир Илиевски, кои ќе ги читаат своите текстови на македонски јазик, а нивните дела преведени на полски јазик ќе ги интерпретира Марко Шапкаров Орловски, преведувач и писател.
Модератор на книжевната средба ќе биде Пјотр Добролецки, издавач, новинар, главен уредник на списанието „Книги“ (Książki) и на списанието за литература „Остров“ (Wyspa), а на настанот учествуваат и Барбара Крамар, преведувачка и експерт за односи со јавноста и со медиумите.
Овој централен настан на македонското претставување на Меѓународниот саем на книгата во Варшава е во организација на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје и Амбасадата на Република Македонија во Варшава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија