Претставник на Московската патријаршија на служба во Соборниот храм во Скопје
Рускиот архимандрит Васијан Змеев од Софија сослушуваше на литургија во Соборниот храм.
Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско гостиварски Јосиф. Меѓу верниците беше и амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Бездникин.
Во олтарот на храмот за цело време беше рускиот архимандрит, а архиепископот Г. г Стефан ја следеше богослужбата од тронот, со молитвено учество во литургијата.
Кој беше поводот за денешното сослужување, одговор не добивме ниту од рускиот архимандрит ниут од поглаварот на МПЦ-ОА.
Пред да ја поделат причеста за верниците, свештениците со благодарност до Бога го отпоздравија денешното заедничко сослужување.
По божиќните празници на посета кај поглаварот на МОЦ-ОА дојде рускиот митрполит Антониј задолжен за меѓународни односи на Руската Православна црква.
Митрпополитот присуствуваше на литургија во Соборниот храм, сослужуваше во Лешочкиот манастрир, а повод за доаѓањето рече дека е именденот на поглаварот кому сакал лично да го честита.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар