Претставници од ССК се сретнаа со вицепремиерот на Турција, Туркеш

Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) претставувана од Аркан Керим оствари средба со вицепремиерот на Република Турција, Тугрул Туркеш.
Како што соопшти ССК, на средбата станало збор за работна посета на Република Македонија од страна на официјална бизнис делегација од Република Турција во насока на подобрување на трговската соработка помеѓу двете држави. Дополнително на средбата е дискутирано и за потенцијалите во областа на туризмот, како и можностите за инвестирање од страна на големи турски корпорации во Република Македонија.
Турција претставува значаен економски партнер на Македонија и во согласност со последните податоци е на осмо место по обемот на трговската размена со Македонија. Во првите седум месеци од 2016 година обемот на трговската размена помеѓу двете земји изнесува 215.146.000 евра, кој бележи зголемување во споредба со тој период од минатата година со износ од 24.618.000 евра.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
