Претставници од Советот на Европа во посета на Гостивар
Градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта оствари средба со новите известувачи на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа (Комисија за набљудување) кои се во посета на на Република Македонија.
На средбата, известувачите Лиз Кристоферсен, Валериу Гилечи и Силви Афхолдер, со домаќинот разговараа за процесот на децентрализација.
Градоначалникот Бејта ги запозна гостите со поединостите кои опфаќаат овој процес што започна во 2005 година. При тоа, Бејта како забелешка наведе дека средствата кои им се распределуваат на општините преку блок дотации во областа на образованието се недоволни.
Во однос на развојот на општините, градоначалникот Невзат Бејта ги навел и проблемите во примената на Законот за рамномерен развој на регионите, одобрен во 2007 година.
На средбата станало збор и за спроведување на договорот од јуни 2015 година. Според Бејта, Договорот од Пржино е спроведен во голема мера и е убеден дека лидерите на партиите потписнички ќе се согласат во однос на изборните реформи и законот за медиуми.
- Договорот не може да се менува според желбата на поединци, затоа договорот треба да се спроведе во целост, како единствен начин за излез од политичката криза, истакна Бејта.
На средбата со известителите, станало збор и за состојбите во земјата во однос на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како и продолжување на спроведувањето на „Резолуцијата 1749“.
Претставници на Советот на Европа, од близу се запознаа активностите кои локалната самоуправа ги спроведува за да има меѓуетничката, меѓуверската и меѓукултурната хармонија.
Ново на Сител
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен
-
Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК