ОН: Претставници на ОН приведени во Етиопија за „терористички акт“
– Обединетите нации денеска соопштија дека најмалку 16 службеници на светската организација се приведени во главниот град на Етиопија, а владиниот портпарол изјави дека тие се приведени поради „учество во терор“, додека во земјата е на сила вонредна состојба.Тој истакна дека претставниците на ОН активно соработуваат со владата на Етиопија за да обезбедат итно ослободување на затворениците, чија етничка припадност не ја прецизираше, туку само кажа дека се дел од персоналот на ОН и дека се од Етиопија.
Портпаролот на владата на Етиопија, Легесе Тулу изјави дека членовите на персоналот на ОН биле приведени затоа што го прекршиле законот и поради „учество во терористички акт“, без да наведе детали.
„Тоа нема никаква врска со нивната канцеларија и работа“, рече Тулу.
Етиопската влада соопшти дека приведува луѓе за кои се сомнева дека ги поддржуваат ривалските сили на Тиграј кои се борат против Владата на Етиопија изминатата година.
Етиопската комисија за човекови права објави дека стотици Тиграјци биле уапсени во Адис Абеба, меѓу кои и мајки со деца.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
